• понеделник, 29 јули 2024

Изложбено плато на отворено „Аеродром во минатото, сегашноста и иднината“

Изложбено плато на отворено „Аеродром во минатото, сегашноста и иднината“
Скопје, 11 април 2021 (МИА) - Општина Аеродром денеска ќе постави изложбено плато на отворено „Минато, сегашност, иднина“ по повод 16 години постоење на Општината. -На платото ќе бидат изложени сите досегашни и идни проекти што ја водеа општина Аеродром да стане прва општина со европско знаменце, соопшти Општина Аеродром. Со оглед на најновите мерки и препораки за заштита од пандемијата со Ковид-19, Општината одлучила 16. роденден да го одбележи скромно и на отворен простор, во паркот „Авионче“. Градоначалникот Златко Марин ќе додели три признанија на заслужни жители на Општина Аеродром за 2020 година. мд/сст/

Остани поврзан