• среда, 13 ноември 2024

Изложба „Слободен влез“ од Марија Трпеска од денеска до 24 јуни

Изложба „Слободен влез“ од Марија Трпеска од денеска до 24 јуни
Скопје, 11 јуни 2020 (МИА) - Изложба на цртежи насловена „Слободен влез“ од Марија Трпеска ќе биде отворена од денеска до 24 јуни во Културно информативен центар во Скопје. На изложбата авторот ќе се претстави со седум цртежи, работени во комбинирана техника - јаглен на платно со тул, создадени последнава година и видео проекција. Ликовниот проект „Слободен влез – Free entry“, како што наведува Трпеска, се однесува на континуираното присуство на едно лице на културни настани, неговата потреба, интерес за посетување на ликовни изложби и неговото огромно визуелно искуство. -Истражувајки го присуството на луѓе на ликовни изложби во државните културни институции, уметничките галерии и музеи забележав дека бројот на посетители е многу мал и дека нема голем интерес особено од млада публика. Состојбата на „празни“ галерии ме наведе да забележам дека еден човек е постојано присутен и им дава важност и смисла на сите ликовни излагања. Одлучив да му заблагодарам така што го вклучив во мојот проект, насликан како стои пред вратите на седум галерии и музеи во Скопје, истакна Трпеска. Марија Трпеска е родена во 1989 година во Скопје. Дипломирала во 2017 година на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, оддел ликовна педагогија, насока сликарство. Нејзиниот главен ликовен фокус е сликарството, но истражува и со фотографијата и видео уметноста.бт/са/    

Остани поврзан