• недела, 28 јули 2024

Изложба „Симбиоза“ на Бојан Ковски во Музејот на Град Скопје

Изложба „Симбиоза“ на Бојан Ковски во Музејот на Град Скопје

Скопје, 2 март 2024 (МИА) - До 13 март во Музејот на Град Скопје може да се посети изложбата „Симбиоза“ на Бојан Ковски. Изложбата претставува 13 слики во техниката масло на платно кои, според авторот, „изнесуваат длабока филозофија на нашето земно постоење“.

-Изложбата ги повикува посетителите да размислуваат за деликатниот танц помеѓу човечкото тело и земјата, надминувајќи ги опипливите граници. Изложбата е прослава на уметноста, хуманоста и вечната врска помеѓу човечкото тело и елементите на земјата, наведува организаторот. хс/лв/

Фото: Бојан Ковски

 

 

 

 

Остани поврзан