• недела, 28 јули 2024

Извлечени двојките за полуфиналето на шпанскиот куп, Леванте на Барди го доби Атлетик

Извлечени двојките за полуфиналето на шпанскиот куп, Леванте на Барди го доби Атлетик
Мадрид, 5 февруари 2021 (МИА) – Тимот на Леванте за кој настапува македонскиот репрезентативец Енис Барди, во полуфиналето на шпанскиот фудбалски куп ќе игра со Атлетик Билбао. Ова е епилогот по денешната ждрепка која го одреди и другиот полуфинален пар, Барселона – Севиља. Полуфиналето ќе се игра во формат од два натпревари. Првите натпревари се закажани за 10 февруари, реваншите на 3 март. зс/

Остани поврзан