• сабота, 31 август 2024

Избори за член на Советот на јавни обвинители од подрачјето на Вишото јавно обвинителство Штип

Избори за член на Советот на јавни обвинители од подрачјето на Вишото јавно обвинителство Штип

Скопје, 15 декември 2023 (МИА) - Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија денеска спроведува избори за член на Советот од редот на јавните обвинители од подрачјето на Вишото јавно обвинителство Штип, со изборно место број 4.

Јавните обвинители на непосредни избори ќе избираат меѓу тројца кандидати и тоа Златко Иванов, јавен обвинител од ОЈО Струмица, Јелена Колева Догазанска, јавна обвинителка од ОЈО Штип и Даница Монева, јавна обвинителка од Вишото јавно обвинителство Штип.

Гласањето трае до 16 часот, по што Комисијата која ги спроведува изборите ќе треба да ги достави изборните материјали во Советот на јавни обвинители, каде ќе бидат сумирани резултатите. аа/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан