ИДФ: Со тенкови и пешадија нападнати позиции на Хамас во Газа, по нападот војската се врати на израелска територија
- подготовка за следните фази од борбата. „Тенкови и пешадија на ИДФ нападнаа бројни терористички ќелии, инфраструктура и бази од кои се лансираат противтенковски ракети. По нападот војската се врати на израелска територија“, соопшти ИДФ на социјалните мрежи и притоа закачи и видео снимка од копнената операција
Тел Авив, 26 октомври 2023 (МИА) - Изралеските копнени сили во текот на ноќта извршија релативно голем упад во Појасот Газа, јавија британските медиуми, повикувајќи се на израелското воено радио.
Операцијата имала за цел да ги нападне позициите на Хамас, соопшти радиото, и наводно била поголема од претходните копнени напади.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) го потврдија нападот на северот на Газа и изјавија дека тоа е подготовка за следните фази од борбата.
„Тенкови и пешадија на ИДФ нападнаа бројни терористички ќелии, инфраструктура и бази од кои се лансираат противтенковски ракети. По нападот војската се врати на израелска територија“, соопшти ИДФ на социјалните мрежи и притоа закачи и видео снимка од копнената операција. сд/
фото: Х на ИДФ
In preparation for the next stages of combat, the IDF operated in northern Gaza.
— Israel Defense Forces (@IDF) October 26, 2023
IDF tanks & infantry struck numerous terrorist cells, infrastructure and anti-tank missile launch posts.
The soldiers have since exited the area and returned to Israeli territory. pic.twitter.com/oMdSDR84rU