• сабота, 31 август 2024

ИДФ презеле контрола врз база на Хамас во Газа

ИДФ презеле контрола врз база на Хамас во Газа

Ерусалим, 6 ноември 2023 (МИА) - Израелските одбранбени сили (ИДФ) утринава објавија дека копнените сили „презеле контрола над база на Хамас во Газа". 

Израелската војска наведе дека базата била опремена со набљудувачки позиции, објекти за обука на терористичките  оперативци, како и терористички тунели“, пренесува Би-Би-Си.

Како што ИДФ додава, во операцијата „се елиминирани голем број терористи“.

ИДФ соопшти дека во текот на изминатиот ден израелските воени авиони гаѓале „околу 450 цели, вклучувајќи воени комплекси, набљудувачници и противтенковски пунктови“. сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан