• сабота, 23 ноември 2024

Идејата за поскап паркинг за големите возила се шири и во Германија

Идејата за поскап паркинг за големите возила се шири и во Германија

Кобленц, 15 февруари 2024 (МИА) - По Париз, и во германскиот град Кобленц од март ќе важат нови цени за паркирање одредени во зависност од големината на возилото и количината штетни испуштени гасови.

Германското друштво за заштита на животната околина „Дојче умвелтхилфе“ (Deutsche Umwelthilfe) го поддржа тој потфат и заедно со „Здружението за заштита на животната средина и природата“ (БУНД) и организацијата „Гринпис“, повикаа на слични правила и за поголемите германски градови. Како последица на тоа, во Кобленц следниот месец се воведува основна сума од 23,40 евра годишно (0,45 евра неделно) што се множи со променлив фактор врз основа на димензиите на возилото, објави „Тагешпигел“.

За разлика од францускиот главен град, во Кобленц новите цени ќе важат главно за жителите на градот.

По пресметките, возачите ќе мора да плаќаат од 100 евра нагоре, на годишно ниво. Паркинг-билетот за теренци ќе чини повеќе - за „Смарт фортво“ ќе треба да се плати 104,87 евра за цела година, „Фолксваген голф“ - 179,12 евра, а за „Тигуан“, којшто испушта повеќе јаглерод-диоксид, паркингот чини 196,23 евра.  си/

Фото: МИА архива

Остани поврзан