• сабота, 27 јули 2024

Зидан, Мурињо и Капело се приклучуваат на новото тело на УЕФА за да разговараат за промените во фудбалот

Зидан, Мурињо и Капело се приклучуваат на новото тело на УЕФА за да разговараат за промените во фудбалот

Нион, 7 април 2023 (МИА) - Европската фудбалска унија (УЕФА) ќе создаде Борд од легендарни тренери и играчи, објави Тајмс.

 

Главните активности на комисијата ќе бидат консултации за промена на правилата на игра, судење, календар на натпревари и развој на младите.

 

Жозе Мурињо, Карло Анчелоти, Зинедин Зидан, Паоло Малдини, Фабио Капело, Хавиер Занети, Луис Фиго, Филип Лам, Роналд Куман, Герет Саутгејт, Рио Фердинанд, Микаел Лаудруп, Рафа Бенитез, Роберто Мартинез, Роби Кин.

 

За шеф на фудбалскиот совет е избран поранешниот играч на Хрватска и Милан, Звонимир Бобан.

 

Првиот состанок на комисијата на „ѕвездите“ е закажан за 24 април во седиштето на УЕФА во Нион, Швајцарија. Вакви состаноци се очекува да се одржуваат секоја година. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан