Земјотрес со јачина од 6,1 степен го погоди Ел Салвадор
- Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала синоќа го погоди брегот на Ел Салвадор, соопшти Американскиот геолошки институт, но во првите извештаи не се спомнуваат можни жртви или материјална штета.
Сан Салвадор, 29 август 2024 (МИА) – Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала синоќа го погоди брегот на Ел Салвадор, соопшти Американскиот геолошки институт, но во првите извештаи не се спомнуваат можни жртви или материјална штета.
Епицентарот на земјотресот бил во Тихиот Океан, 60 километри југозападно од салвадорскиот град Ла Либертад на длабочина од 33,9 километри. Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC) исто така ја процени јачината на 6,1 степени.
Очевидци изјавиле дека го почувствувале земјотресот во главниот град Сан Салвадор, како и во соседна Гватемала.
Агенциите за катастрофи на двете земји соопштија дека го следат развојот на настаните по земјотресот и оти ќе известат за евентуална штета. јт/