• среда, 25 декември 2024

Земјотрес со јачина од 5 степени регистриран во близина на брегот на Јапонија

Земјотрес со јачина од 5 степени регистриран во близина на брегот на Јапонија

Токио, 23 јуни 2024 (МИА) - Земјотрес со интензитет од 5 степени е регистриран во близина на брегот на јапонскиот остров Хоншу, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Епицентарот на земјотресот бил на 21 километар североисточно од градот Иваки (Префектура Фукушима) со население од околу 357 илјади луѓе, на длабочина од 31 километар.

Нема извештаи за жртви или материјална штета. Не е објавена опасност од високи бранови цунами. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан