• сабота, 23 ноември 2024

Земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала ја погоди Романија

Земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала ја погоди Романија

Букурешт, 9 октомври 2024 (МИА) – Земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран во Романија во текот на ноќта, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки институт.

Според соопштението, земјотресот се случил околу 01:48 часот по локално време, а епицентарот бил на 25 километри северно од градот Бузау.

Засега нема информации за евентуална штета или повредени. јт/

Остани поврзан