• сабота, 06 декември 2025

Земјотрес со епицентар во Грција почувствуван во југоисточните делови од државава

Земјотрес со епицентар во Грција почувствуван во  југоисточните делови од државава

Скопје, 22 септември 2025 (МИА) - Земјотрес со епицентар во Грција, 290 километри југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда од 5 степени, регистрирала Сеизмолошката опсерваторија во 3 часот и 20 минути по полноќ.

-Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во југоисточните делови од Републиката, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, соопшти утрово Опсерваторијата. хс/дма/

Фото: МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан