Земјотрес од 4,1 степен според Рихтер ја погоди централна Калифорнија
- Земјотрес со интензитет од 4,1 степен според Рихтеровата скала денеска го погоди централниот дел на американската сојузна држава Калифорнија, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки институт.
Сакраменто, 29 септември 2024 (МИА) - Земјотрес со интензитет од 4,1 степен според Рихтеровата скала денеска го погоди централниот дел на американската сојузна држава Калифорнија, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки институт.
Земјотресот се случил на длабочина од седум километри.
Епицентарот бил на 26 километри северно од градот Салинас, кој има околу 160.000 жители.
Засега нема информации за причинета материјална штета. рп/
Фото: МИА архива