• вторник, 24 декември 2024

Земјотрес на Филипини

Земјотрес на Филипини

Манила, 19 ноември 2024 (МИА) – Земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала е регистриран на Филипините во 9:34 часот по средноевропско време.

Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), епицентарот на земјотресот бил во Филипинското Море во регионот Минданао на длабочина од 86 километри.

Освен на Филипините, земјотресот се почувствувал и во Јапонија, Кина и во Тајван.

Засега нема информации за материјална штета. јт/

 

Остани поврзан