• сабота, 09 ноември 2024

Земјите од ЕУ имаат мешани резултати во интегрирањето на украинските бегалци

Земјите од ЕУ имаат мешани резултати во интегрирањето на украинските бегалци

Брисел, 17 јули 2024 (МИА) - Многу земји-членки на ЕУ се соочуваат со тешкотии во интегрирањето на украинските бегалци на пазарот на трудот, јави ДПА, повикувајќи се на извештајот објавен од Германскиот институт за истражување на вработувањето.

Институтот откри дека на почетокот на 2024 година во Германија нивото на интеграција изнесувало 27 проценти. Што се однесува до другите земји во Европа, Литванија води со 57 посто, потоа Данска со 53 отсто и Полска со 48 проценти.

Земјите како Финска, Норвешка, Романија и Шпанија имаат најниска оценка - под 20 проценти.

-Земјите кои имаат поголема потреба од нискоквалификувана работна сила имаат повисока стапка на вработеност, вели Јулија Косјакова од институтот.

Во земјите со зголемена невработеност, конкуренцијата за работни места е поголема, што ја отежнува интеграцијата. Релевантни се и факторите како што се социјалните мрежи.

-Доброто познавање на англискиот јазик меѓу населението има и позитивен ефект врз стапката на вработеност, бидејќи ја забрзува интеграцијата, вели истражувачката Ксенија Гацкова од германскиот институт за истражување на вработување.

Во процесот на интеграција, Германија го нагласува владеењето на германскиот јазик со цел да се забрза процесот.

-Искуството со бегалците во Германија помеѓу 2013 и 2019 година покажува дека инвестирањето во образованието ги зголемува шансите на човекот да најде работа и одржливоста на интеграцијата на среден и долг рок, вели Тереза ​​Кох од институтот.

Податоците на германската влада покажуваат дека повеќе од еден милион луѓе ја напуштиле Украина во Германија од почетокот на војната - повеќето од нив жени и деца.

Според федералната влада, 135.000 од нив работеле во Германија во април. Во јуни, 112.000 се уште беа во процес на интеграција, што главно беше насочено кон учење на германски јазик. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан