• среда, 25 декември 2024

Земјите-членки на ЕУ се уште без договор за испраќање на системите Патриот во Украина

Земјите-членки на ЕУ се уште без договор за испраќање на системите Патриот во Украина

Луксембург, 22 април 2024 (МИА) – Министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европска Унија денеска соопштија дека разгледуваат начини за испорака на повеќе системи за противвоздушна одбрана во Украина, но не ветија конкретно дека ќе ги испорачаат системите Патриот.

Министрите на состанокот во Луксембург потенцираа дека одобрениот пакет помош во вредност од 60 милијарди долари од страна на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес за Украина не треба да доведе до никакво задоволство во САД.

- Можеме да бидеме радосни еден ден, но мора да бидеме подготвени за битката што доаѓа утре. Затоа, не можеме да бидеме смирени, истакна шефот на литванската дипломатија Габриелиус Ландсбергис.

Изминатите недели владите на земјите од ЕУ се под зголемен притисок да испорачаат повеќе одбранбени системи поради зголемените руски воздушни напади врз украинската енергетска инфраструктура и градови.

И покрај тоа, земјите што ги поседуваат противвоздушните системи Патриот од САД, кои Украина веќе ги користи и високо ги цени поради нивната способност да соборуваат балистички ракети, сè уште не одлучиле да и ги предадат на Украина.

Германија е единствената земја од ЕУ која вети дека ќе го испорача системот Патриот на Украина. Други европски земји, вклучувајќи ги Грција, Холандија, Полска, Романија, Шпанија и Шведска, исто така имаат системи Патриот. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан