• среда, 23 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Италијанскиот министер за одбрана Гвидо Крозето: Атлантскиот сојуз со САД не смее да се прекине

Италијанскиот министер за одбрана Гвидо Крозето: Атлантскиот сојуз со САД не смее да се прекине

Рим, 6 април 2025 (МИА) -  Италијанскиот министер за одбрана Гвидо Крозето изјави дека НАТО сојузот со САД не смее да се прекине, дури и покрај царините што ги воведе претседателот Доналд Трамп, пренесоа денеска италијанските медиуми.

„Јасно е дека царините ќе влијаат на сите економии, вклучително и на американската, но мораме да размислуваме за насочени одговори што нема да почнат бескрајна спирала. Мораме да дејствуваме мудро и да дејствуваме во Европа и Италија за самите да станеме поконкурентни, а има доволно простор за маневрирање“, рече Крозето.

Министерот додаде дека ако Европа и Италија сакаат да се бранат, прво мора да стигнат до 2 проценти од БДП што ветија дека ќе ги платат. зш/
фото епа

Остани поврзан