• недела, 24 ноември 2024

Зеленски по средбата со Сакеларопулу: Само заедно можеме на Европа да ѝ ја вратиме безбедноста и да гарантираме мир

Зеленски по средбата со Сакеларопулу: Само заедно можеме на Европа да ѝ ја вратиме безбедноста и да гарантираме мир
Атина, 3 ноември 2022 (МИА) – „Во овој момент на сите ни треба максимално единство и соработка. Само заедно можеме на Европа да ѝ ја вратиме безбедноста и да гарантираме мир“, напиша украинскиот претседател Володимир Зеленски на социјалните мрежи по средбата со неговата грчка колешка Катерина Сакеларопулу, која во изјавата истакна дека нејзиното денешно присуство во Киев ја изразува целосната поддршка и солидарност на Грција кон Украина и украинскиот народ, јави дописничката на МИА од Атина. По средбата, Сакеларопулу истакна дека „рускиот напад врз Украина нè засега сите нас“, бидејќи како што рече со бруталното кршење на меѓународното право, со заканата од општа прехранбена криза, но и заканата од нуклеарно уништување, „се прави обид да се поништи повоеното законодавство за мир и напредок“. -Станува збор за директно оспорување на либералната демократија и на европските вредности и затоа Европската унија и меѓународната заедница мора безбедноста и стабилноста да ги бранат од ревизионизмот, рече Сакаеларопулу. Пред средбата со Зеленски, грчката претседателка ги посети бомбардираните украински градови Ирпин, Буча и Бородијанка. ср/сд/

Остани поврзан