Зеленски повика на поголем притисок врз Русија по нападите во текот на ноќта
- Украинскиот претседател Володимир Зеленски повика на поголем притисок врз Русија по ракетните и нападите со дронови во текот на ноќта врз Киев и други цели низ Украина.

Киев, 6 април 2025 (МИА) - Украинскиот претседател Володимир Зеленски повика на поголем притисок врз Русија по ракетните и нападите со дронови во текот на ноќта врз Киев и други цели низ Украина, јави ДПА.
-Овие напади се одговор на (рускиот претседател Владимир) Путин на сите меѓународни дипломатски напори. Секој од нашите партнери - САД, цела Европа, целиот свет - виде дека Русија има намера да продолжи со војната и убиствата, објави денеска Зеленски на „Х“.
„Притисокот врз Русија сè уште е недоволен, а секојдневните руски напади врз Украина го докажуваат тоа“, рече тој, наведувајќи повеќе од 1.460 наведувани бомби, речиси 670 беспилотни летала и 30 проектили насочени кон Украина во текот на изминатата недела.
„Секој удар ги таргетира нашите луѓе, нашите деца. Тие водат војна против децата кои играат на игралиштата“, објави тој. мс/
фото: ДПА