• вторник, 22 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Кац: ИДФ ќе ги интензивира операциите во Газа доколку Хамас ги одбие преговорите за заложниците

Кац: ИДФ ќе ги интензивира операциите во Газа доколку Хамас ги одбие преговорите за заложниците

 Тел Авив, 13 април 2025 (МИА)  - Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, денеска го предупреди Хамас дека офанзивата на израелските одбранбени сили (ИДФ) во Газа ќе се интензивира доколку палестинското милитантно движење одбие да се согласи со договор за ослободување на заложниците што ги држи во заробеништво. 

„Стотици илјади (палестински) жители веќе се евакуирани, а десетици проценти од територијата на Газа стана дел од израелската безбедносна зона“, рече Кац во писмената изјава, објавена од „Тајмс оф Израел“. 

Тој рече дека „главната цел е да се изврши силен притисок врз Хамас да се врати во рамките на (преговорите за) ослободување на заложниците“. 

„Додека Хамас продолжи да негира, активностите на ИДФ ќе се интензивираат“, рече Кац. сд/ 

фото:МИА архива

Остани поврзан