• среда, 25 декември 2024

Здружение на лекари: Најмалку 13 лица загинаа во протестите во Кенија

Здружение на лекари: Најмалку 13 лица загинаа во протестите во Кенија

Најроби, 26 јуни 2024 (МИА) - Најмалку 13 лица загинаа вчера на протестите во Кенија, изјави официјален претставник од Здружението на лекари во таа држава, откако протестите против зголемувањето на даноците станаа насилни, а полицијата отвори оган.

-Досега имаме најмалку 13 убиени луѓе, но ова не е конечна бројка, изјави денеска Сајмон Кигонду, претседател на Медицинското здружение на Кенија.

Тој додаде дека никогаш не видел „толкаво ниво на насилство врз невооружени луѓе“. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан