• среда, 25 декември 2024

Зголемен прометот во трговијата на мало

Зголемен прометот во трговијата на мало

Скопје, 30 август 2024 (МИА) - Државниот завод за статистика информира дека во трговијата на мало во јули 2024 година, во споредба со јули 2023 година зголемување на номиналната и на реалната стапка е забележано кај прометот во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 20.2 %, а реално за 17.1 %), Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво (номинално за 8.5 %, а реално за 5.1 %), Трговија на мало, освен трговија со горива (номинално за 14.1 %, а реално за 10.9 %).

Зголемување само на номиналната стапка е забележано кај прометот во групата Трговија на мало со автомобилски горива и тоа за 1,3 отсто, а реалната стапка опаѓа за 2,6 проценти. мч/са/

фото: МИА архива 

Остани поврзан