• четврток, 26 декември 2024

Зголемениот водостој на реките и водотеците во струмичко не предизвика проблеми, претекуваат помалите акумулации

Зголемениот водостој на реките и водотеците во струмичко не предизвика проблеми, претекуваат помалите акумулации
Струмица, 13 јануари 2021 (МИА) - Помалите акумулации „Маркова река“ и „Иловица“ претекуваат, a коритата на реките Струмица и Тркајна се во рамки на природниот тек. Освен на најниската точка на течението на реката Струмица, кај селото Зубово, каде се под вода помали површини под ливади, нема забележано штети од обилните врнежи од дожд. Според надлежните од АД „Водостопанство на Македонија-Подружница Струмичко Поле“, Струмица, денес водостојот на реката Струмица во горниот тек е намален за 40 сантиметри, а поголемиот водостој на реката Тркајна се должи на истекувањето вишок вода од браната „Маркова река“. -Вчера имавме критична точка на реката Струмица кај селото Босилово, каде не некои места беше затнат системот за одводнување заради узурпација на земјиштето од страна на земјоделците. Реката се полни и од надојдените водотеци од планината Беласица, кои истекуваат токму кај најниската точка. Речните корита во најголем дел се исчистени и не очекуваме поголеми проблеми, информира Лазо Ѓоргиев, директор на Подружницата „Струмичко Поле“, Струмица. Врнежите се добродојдени за двете најголеми акумулации-„Турија“ и „Водоча“, каде нивото на собраната вода осетно се зголемува во споредба со минатиот месец кога нивото беше преполовено. Од водостопанското друштво апелираат да се исчистат остатоците од песок од каналите за прифат на атмосферките води во градот и населените места за да може без проблем да истекуваат. рт/аа/

Остани поврзан