• петок, 27 декември 2024

За СДСМ Талат Џафери е соодветно и добро решение за технички премиер до изборите

За СДСМ Талат Џафери е соодветно и добро решение за технички премиер до изборите

Скопје, 9 декември 2023 (МИА) - Сметаме дека Талат Џафери е соодветно и добро решение, изјави  Даниела Маркоска, пратеничка на СДСМ, одговарајќи на прашање дали за нивната партија е прифатлива одлуката на ДУИ актуелниот претседател на Собранието да биде технички премиер сто дена пред изборите што ќе се одржат напролет.

Одговарајаќи на новинарско прашање на прес-конференција, таа рече дека се очекува утре на состанок на Извршниот одбор на СДСМ, закажан од лидерот на партијата и премиер Димитар Ковачевски, нивниот сопартиец Јован Митрески да биде предложен за претседател на Собранието и предлогот да биде потврден од највисокото партиско раководство. 

На прашањето што доколку ВМРО-ДПМНЕ одбие да биде дел од техничката Влада предводена од Талат Џафери и не предложи министри и заменици-министри, Маркоска одгвоори дека „нема да им успее ако ДПМНЕ бара алиби за поразот што ги чека на изборите“.

-Деструктивните политики на ДПМНЕ, блокадите, обидите да се закочи земјата, да се блокира Собранието, ги гледаме со години нананзад. ДПМНЕ друго и не знае, бидејќи нема понуда за граѓаните. Не се нешто ново обиди за создавање криза. Како што досега не усепа, така нема ниту овој пат. ДПМНЕ има проблем од друга природа. Но се што трврдеа досега излезе обратно, рече пратеничката на СДСМ. хс/вј/

Фото: МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан