• петок, 27 декември 2024

За непрописно вградени фолии изречени 17 казни 

За непрописно вградени фолии изречени 17 казни 
Скопје, 18 јули 2022 (МИА) - Во периодот од 11.07.2022 до 17.07.2022 Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата. При контролата, соопштија денеска од МВР, санкционирани се 17 учесници во сообраќајот. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. цр/аа/

Остани поврзан