• понеделник, 24 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

За викендот облачно со краткотраен дожд, од понеделник постудено со дожд и снег

За викендот облачно со краткотраен дожд, од понеделник постудено со дожд и снег

Скопје, 13 февруари 2025 (МИА) - Времето утре и за викендот ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и локална појава на краткотраен дожд. Утре ќе дува слаб до умерен јужен ветер, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4 степни, а максималната од 4 до 12 степени. 

Како што информира денеска УХМР, во новата работна седмица времето ќе биде претежно облачно и постудено со повремени врнежи, на планините и на повисоките места од снег, а во некои од пониските места со врнежи од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 2 степена, а максималната од 0 до 8 степени. мд/са/

Фото: МИА архива 

 

 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан