• сабота, 23 ноември 2024

Захарова: Западот се однесува подло кон народот на Молдавија

Захарова: Западот се однесува подло кон народот на Молдавија

Москва, 2 септември 2024 (МИА) - Степенот на подлост и понизност на Западот кон молдавскиот народ е без преседан, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова.

Таа го критикуваше наметнувањето на романската култура врз граѓаните на републиката.

„Ова е и покрај фактот што молдавскиот јазик е постар од романскиот јазик. Тоа е историски докажано“, нагласи Захарова.

Захарова претходно изјави дека молдавската претседателка Маја Санду го дискредитирала претстојниот референдум за европската интеграција на Молдавија. паг/

 

 

Остани поврзан