Захарова: САД, ЕУ и марионетскиот режим во Киев се одговорни за прекинот на гасот преку Украина
- Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова изјави дека Соединетите Американски Држави, Европската Унија (ЕУ) и „марионетскиот режим во Киев“ се одговорни за прекинот на транзитот на руски гас преку Украина и дека ја жртвувале благосостојбата на своите граѓани заради финансиска поддршка за американската економија.
Москва, 2 јануари 2025 (МИА) - Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова изјави дека Соединетите Американски Држави, Европската Унија (ЕУ) и „марионетскиот режим во Киев“ се одговорни за прекинот на транзитот на руски гас преку Украина и дека ја жртвувале благосостојбата на своите граѓани заради финансиска поддршка за американската економија.
-Киев донесе одлука да го запре транзитот на гас од Русија, иако „Газпром“ ги исполни сите договорни обврски, рече Марија Захарова.
Според неа, прекинот на испораките на конкурентна и еколошки чиста руска енергија го ослабува економскиот потенцијал на Европа и има негативно влијание врз животниот стандард на нејзините граѓани.
Захарова истакна дека главната придобивка од прераспределбата на европскиот енергетски пазар се САД.
Компанијата „Газпром“ соопшти дека останала без техничко-правна можност да испорачува гас преку територијата на Украина од 1 јануари, бидејќи украинските власти не го продолжиле договорот за транзит. мс/
фото: МИА архива