• среда, 04 март 2026

Заедничка прес-конференција на Сиљановска-Давкова и Руте (во живо)

Заедничка прес-конференција на Сиљановска-Давкова и Руте (во живо)

Скопје, 3 март 2026 (МИА) - Заедничка прес-конференција на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, кој е во официјална посетата на Република Северна Македонија.

 

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, кој пресотојува во официјална посета на земјата, попладнево со највисоки државни и воени почести беше пречекан во вилата „Водно“ од неговиот домаќин, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

Веднаш по церемонијата, Сиљановска и Руте заминаа на тет-а-тет средба по што беше одржан и пленарен состанок на македонската и на делегацијата на НАТО.

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте кој пресотојува во официјална посета на земјава, попладнево со највисоки државни и воени почести беше пречекан во Вила Водно од неговиот домаќин, претсе

Руте претходно беше пречекан на скопскиот аердорм од министерот за одбрана, Владо Мисајловски.

Генералниот секретар на НАТО ќе има средба и со премиерот Христијан Мицкоски, како и со претседателот на Собранието, Африм Гаши, по што ќе се обрати пред пратениците во законодавниот дом.

Руте ќе ја посети и касарната „Илинден“, каде што ќе присуствува на презентацијата на лесна пешадиска баталјонска група (ЛПБГ) на Армијата и на дел од опремата на оваа единица.

Defence Minister Vlado Misajlovski has welcomed at the Skopje Airport NATO Secretary General Mark Rutte, who is paying an official visit to the country on Tuesday.

На настанот ќе присуствуваат министерот за одбрана, Владо Мисајловски, началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски, генерали во Армијата и претставници од Министерството за одбрана.

Ова е прва посета на Руте како генерален секретар на НАТО на Скопје. Тој беше во земјата во ноември 2021 година како тогашен премиер на Холандија.

Во 2023 година во официјална посета на Македонија престојуваше тогашниот прв човек на НАТО, Јенс Столтенберг. 

 

Фото: МИА

Остани поврзан