• недела, 24 ноември 2024

Заев не ја коментира одлуката на Апелациониот суд за куќен притвор за Драги Рашковски

Заев не ја коментира одлуката на Апелациониот суд за куќен притвор за Драги Рашковски
Скопје, 5 јуни 2021 (МИА) - Премиерот Зоран Заев денеска не ја коментираше одлуката притворот на Драги Рашковски да биде заменет со куќен притвор. -Знам дека е заменет од притворот во затвор во притвор домашен. Одлуката е донесена вчера, таа е соопштена. Се уште постојат постапки, жалби и слично, право на двете страни. Немам нешто посебно да коментирам. Знам дека беше повеќе од 40-ина дена во притвор, рече Заев во одговор на новинарско прашање да даде коментар за куќниот притвор на Рашковски. Вчера Апелациониот суд Скопје донесе одлука поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски да се врати, односно да се спроведе во куќен притвор од затворот „Скопје“. Претходно Вишото јавно обвинтелство Скопје предложи да се прифати понудената гаранција во висина од околу 500 илјади евра на Рашковски за да излезе од притвор. Одговарајќи на новинарско прашање дали истрагата за бегството на Сашо Мијалков е завршена и дали има утврдено одговорност на институциите за неговото бегство, Заев вели дека не знае оти истрагата е завршена, но оти бил дел од неа. -Не знам за истрагата, но знам дека бев дел од истрагата. Обвинителката Ленче Ристовска имаше интервју со мене, односно бараше детали, податоци, се, којшто нормално како одговорен и човек но и претседател на Владата ги соопштив, ги дадов, чекам да ја прочитам, да ја видам навистина истрагата и документот којшто е конечен затоа што мислам дека сите треба да учиме од слабостите на системот или од предностите коишто треба секојпат да ги подобруваме и унапредуваме, одговори Заев. нд/ац/ Фото: МИА архива

Остани поврзан