• сабота, 23 ноември 2024

Заев исклучува секаков сомнеж за набавката на софтверот за сообраќајни прекршоци

Заев исклучува секаков сомнеж за набавката на софтверот за сообраќајни прекршоци
Скопје, 9 март 2021 (МИА) - Премиерот Зоран Заев исклучува секаков сомнеж за набавката на софтверот за сообраќајни прекршоци. Најави дека преку соодветно соопштение од Владата ќе информираат за сите детали поврзани со набавката на софтверот.
- Дадов насоки да се расчисти работата од позитивен аспект бидејќи е нешто што се спроведувало за време на техничката влада и видов докази и информации за меѓусебна комуникација меѓу Генерален секретаријат и Министерство за внатрешни работи токму заради постапките, информациите, вградување на самиот систем, можности за тестирање на самиот систем, рече Заев на денешната прес-конференција во Владата.
Тој вели дека е спроведена целосна постапка и оти Владата ќе даде детално соопштение, зошто, како е набавен и каква била координацијата со МВР.
- Исклучувам секаков сомнеж за набавка, тоа е правено со ФИНКИ, со тендерска процедура. Кога ја видов информацијата во јавноста се обратив до службите да ме информираат макар усно, чекам да ми стигнат документите. Постапката била предвидени во буџет 8 милиони денари, имало компетативност, паднато е на некаде околу 5 милиони денари, не ме фаќајте за збор, деталите и документите ги немам видено, туку усно сум информиран. Спроведена е целосна постапка, а за да се спроведе таа постапка мора да ја има спрегата со идните бенефитори на самиот систем, а тоа е МВР, рече Заев. мс/ац/

Остани поврзан