• среда, 13 ноември 2024

Загреб: Приведен маж кој предизвика драма во болницата Ребро

Загреб: Приведен маж кој предизвика драма во болницата Ребро

Загреб, 3 септември 2024 (МИА) - Загрепската полиција приведе маж кој претпладнево влезе со оружје во Клиничкиот болнички центар Ребро, пренесува 24сата. Според информациите од хрватскиот медиум, засега неименуваниот маж ја напуштил болницата под полициска придружба.

Се наведува дека нема повредени лица. Персоналот и пациентите за време на драмата, која траела околу два часа, се криеле во ординациите.

Сè уште нема објавени информации за идентитетот и мотивот на овој човек, а полицијата останува на терен, во КБЦ Ребро.

Јутарњи лист додава дека приведениот е одведен во полициска станица каде ќе биде направен тест за да се види дали е под влијание на алкохол или опијати. ссм/

фото: принтскрин

Остани поврзан