• недела, 01 септември 2024

Завршува реконструкцијата на штипската улица „11 Октомври“

Завршува реконструкцијата на штипската улица „11 Октомври“

Штип, 6 јули 2024 (МИА) - Градежните машини денеска почнаа со асфалтирање на улицата „11 Октомври“ во Штип. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов на денешната прес-конференција истакна дека пред асфалтирањето замената е водоводната и канализациона мрежа. Тој најави дека од понеделник ќе почне и изградбата на тротоарите.

-За овој проект од буџетот на Општина Штип  се одвоени 4.000.000 денари за промена на подземната инфраструктура, околку 2.500.000 денари за асфалтирање на коловозот и 1.000.000 денари за реконструкција на тротоарските повшини, изјави Јорданов.

Тој најави дека во текот на летото ќе се реконструираат речиси сите улици во урбаната заедница „Славчо Стојменски“.

-Имам напоменато во минатото дека еве месноста „Бело брдо“ урбаната заедница „Славчо Стојменски“ ќе биде опфатена со реконструкција на застарените улици, затоа што по пријава и барање на граѓаните по долгогодишните проблеми, кои што ги имаа со подземната инфраструктура редно е да се комплетно  реконструираат и самите улици, рече Јорданов. вдј/аа/

Фото: МИА

Остани поврзан