• сабота, 23 ноември 2024

Заврши проектот „Зелена енергија за подобра иднина“ за градинката во штипската населба Автокоманда

Заврши проектот „Зелена енергија за подобра иднина“ за градинката во штипската населба Автокоманда

Штип, 18 јуни 2024 (МИА) - Преку проектот „Зелена енергија за подобра иднина“ се реализираше реконструкцијата на покривната конструкција и поставувањето фотоволтаични панели во клонот во населбата Автокоманда, кој е дел од детската градинка „Вера Циривири-Трена“ во Штип. На денешната завршница на проектот присуствуваше и словенечкиот амбасадор Грегор Прескер. 

Овој проект е од особено значење за градинката, бидејќи придонесува за промовирање на зелена агенда, порача градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов на денешната прес-конференција.

-Реконструкцијата на покривната конструкција и поставувањето на фотоволтаичните панели ќе овозможи заштеда на електрична енергија, промовирање на зелената агенда. Реконструкција на покривот ќе овозможи во следна фаза реконструкција и на внатрешноста од детската градинка и подобрување на условите за сите дечиња кои се згрижени во неа, рече Јорданов.

Словенечкиот амбасадор Плескар посочи дека со поставувањето на фотоволтаичните панели се придонесува за заштита на околината, а со тоа се подобрува и енергетската ефикасност.

-Навистина ми е мило што денеска го завршивме овој важен проект за општина Штип и за вашата градинка овде. Важно е затоа што со поставувањето на фотоволтаичните панели најпрво ќе придонесеме за заштита на нашата околина и енергетската ефикасност, како и за намалувањето на трошоците на самата градинка. Од друга страна овој проект го опфаќа и едукативниот дел за начините за чување на природата и штедење на енергијата, на ниво на општина и на ниво на вашата државата, рече Плескар.

Проектот е кофинансиран од страна на Република Словенија преку Центарот за меѓународна соработка и развој. вдј/вј/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан