• четврток, 26 декември 2024

Забавата започна со кампањата „ПРАЗНИЧНО ДАРУВАЊЕ“

Забавата започна со кампањата „ПРАЗНИЧНО ДАРУВАЊЕ“

Скопје, 12.12.2023 година – Државна лотарија го наградува рекордниот интерес за учество во игрите на среќа на својата нова интерент-платформа www.megawin.mk со кампањата „Празнично дарување“, којашто веќе започна и побуди голем интерес. Покрај забавните видови игри за љубителите на видеолотарија и спортско обложување, Државна лотарија предвиде подароци за играчите, а посебно и за секој новорегистриран играч на www.megawin.mk.

Забавата започна, а празниците се ближат, па оттаму и името на кампањата „Празнично дарување“. Симболиката на празниците и дарувањето, на страната www.megawin.mk е претставена со отворање подароци. Играчот сам избира подарок, го отвора со клик, а добиеното е изненадување што го води понатаму во уште поголема забава до поголеми изненадувања.

Новата интернет-платформа беше промовирана со наградната игра „Биди ин регистрирај се на мегавин“, којашто траеше од 18 до 29 ноември со вкупен фонд од награди и подароци над 12 000 000 денари. Извлекувањето на наградите се одвиваше во живо на 30 ноември на мегаконцертот МЕГАСТАРС во Скопје, каде што платформата www.megawin.mk беше и официјално отворена за игра. Добитниците на вредните награди: 10 гејминг лаптопи Lenovo; 10 iPhone 14 Pro и 5 луксузни патувања за двајца во Дубаи, веќе доаѓаат во просториите на Државна лотарија во зградата на МТВ, секој по својата награда и ги запознаваме преку објавите на официјалните социјални медиуми на Државна лотарија. Возбудени сме пред средбата со добитникот на премијата автомобил BMW, којшто ќе гостува во следното издание на нашата нова шоу-емисија СЕДМО НЕБО.

Државна лотарија − нова, свежа, динамична, позабавна, поблиску до народот, иновативна, со поголема и поразновидна понуда на игри на среќа и видови добивки, поактивен член на заедницата, поголема поддршка на општеството, цврста во ставот за промоција и заштита на одговорно и контролирано приредување игри на среќа − тоа е новата Државна лотарија, со нов слоган: СРЕЌАТА Е НАСЕКАДЕ! Интернет-платформата www.megawin.mk ја потврди новата стратегија на Државна лотарија. Со неа ќе бидат поврзани многу нови изненадувања, подароци, награди добивки и многу забава, кампањата „Празнично дарување“ е едно од изненадувањата што ќе внесат мега адреналин и многу забава во овие празници, но и воопшто во светот на игрите на Државна лотарија.

 

Со почит,

Државна лотарија

 

 

____________________________________________

MИА - ОТС Комерцијални соопштенија

Напомена: Оригинален текст. За содржината е одговорен нарачателот.

Остани поврзан