• сабота, 27 јули 2024

ЖКК Крива Паланка загуби од Баскет Кам

ЖКК Крива Паланка загуби од Баскет Кам
Крива Паланка, 28 февруари 2022 (МИА) - Женскиот сениорски тим на КК Крива Паланка синоќа играше натпревар на домашен терен, против ЖКК "Баскет Кам", актуелниот освојувач на националниот кошаркарски куп. КК Крива Паланка пружи достоен отпор на противничкиот табор кој во Крива Паланка дојде со уште едно ново засилување, Милица Инџиќ. Резултатот на полувремето заврши со само пет  поени негатива за Крива Паланка, 35-40, но до крајот на мечот искуството на Антиќ, Пуљезовиќ, Инџиќ во гостинскиот тим преовлада и на крајот мечот заврши со очекуваниот епилог, победа на Баскет Кам, со резултат 75-88. ид/

Остани поврзан