• четврток, 05 март 2026

Жител на Франгово управувал автомобил без возачка, возилото е одземано

Жител на Франгово управувал автомобил без возачка, возилото е одземано

Струга, 21 февруари 2026 (МИА) - Лице од струшкото село Франгово управувало моторно возило без положен возачки испит, возилото е одземано соопшти денеска СВР Охрид.

Според информацијата, вчера во 10 часот и 45 минути полициски службеници од ОВР Струга, од слобода го лишиле М.Д.(32) од селото Франгово. 

- При контрола во сообраќајот извршена на улицата „Маркс Енгелсова“ во Струга, било сопрено патничко моторно возило „Голф“ со струшки регистарски ознаки, кое М.Д. го управувал и притоа, било констатирано дека немал положено возачки испит со што го загрозил јавниот сообраќај, стои во соопштението. 

По насоки на јавен обвинител, возилото било одземено и по целосно документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.  сс/ац/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан