• сабота, 23 ноември 2024

Жители на струмичко Банско бараат отворање на деветолетка во нивното село

Жители на струмичко Банско бараат отворање на деветолетка во нивното село
Струмица, 11 април 2021 (МИА) - Помлади жители од селото Банско денеска побараа од Општина Струмица и Министерството за образование и наука отворање на деветолетка во нивното населено место. Тие бараат од надлежните институции да ја разгледаат можноста за отворање на деветолетка и да им овозможат на децата од Банско да учат во своето место на живеење до деветто одделение, а не како до сега до петто. -Според нашите сознанија во основното училиште во село Муртино учат 500 ученици, од кои 341 се од Банско. Тоз значи дека околу 68 отсто од уениците се од Банско. За да го остварат своето право на образование принудени се да патуваат секој ден во Муртино, за што, за жал, трошокот е околу 4 милиони денари. Исто така, во подрачното училиште во Банско до петто одделение учат 230 ученици, рекоа во своето обраќање млади жители на Банско. Тие сметаат дека нивното населено место има потенцијал за развивање на сопствена деветолетка, а децата од Банско да учат во сопственото место на живеење. Исто така посочија дека доколку е потребно, ќе пристапат кон собирање потписи од родителите и граѓаните за реализирање на нивното барање.рт/бт/

Остани поврзан