• вторник, 01 октомври 2024

ЕЦБ: Потрошувачите во еврозоната очекуваат повисока инфлација во следните три години

ЕЦБ: Потрошувачите во еврозоната очекуваат повисока инфлација во следните три години

Франкфурт, 23 август 2024 (МИА) – Потрошувачите во еврозоната очекуваат просечната инфлација во следните три години да биде 2,4 отсто, додека во истражувањето во јуни процентот изнесуваше 2,3, се наведува во заклучокот од истражувањето на Европската централна банка (ЕЦБ) за јули.

Инфлациските очекувања за следните 12 месеци се непроменети бидејќи потрошувачите очекуваат инфлација од 2,8 отсто, исто како и во јуни.

Според истражувањето на ЕЦБ, потрошувачите се попесимистички за економијата бидејќи очекуваат економијата да се намали за еден отсто во следните 12 месеци, во однос на 0,9 проценти во јуни. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан