• вторник, 12 ноември 2024

ЕУ ја предупредува Италија да го почитува правото на ЕУ во управувањето со миграцијата

ЕУ ја предупредува Италија да го почитува правото на ЕУ во управувањето со миграцијата

Брисел, 21 октомври 2024 (МИА) - Сите мерки што италијанската Влада ги презема во управувањето со миграцијата мора да бидат во согласност со законодавството на ЕУ, изјави портпаролката на Европската комисија Анита Хипер.

Италија воспостави центар за азиланти во Албанија, каде што тие чекаат на исходот од нивните барања за азил. Сепак, веќе на почетокот, спроведувањето на договорот со Албанија се соочи со проблеми, откако суд во Рим нареди враќање на првите 12 мигранти од Албанија, бидејќи нивните земји на потекло, Египет и Бангладеш, не се сметаат за безбедни.

Италијанската влада најави нов закон со листа на безбедни земји кој ќе биде во согласност со правото на ЕУ.

Хипер изјави дека сите мерки што ги преземаат италијанските власти мора да бидат во целосна согласност со правото на ЕУ и додаде дека на ниво на ЕУ не постои листа на безбедни земји и дека земјите членки работат на свои национални листи. ссм/

фото: архива

Остани поврзан