• петок, 26 јули 2024

ЕУ распореди четири хеликоптери и три авиони во земјава како помош за гаснење на пожарите 

ЕУ распореди четири хеликоптери и три авиони во земјава како помош за гаснење на пожарите 

Брисел, 16 јули 2024 (МИА) - Европската комисија донесе одлука да мобилизира помош за Северна Македонија и Бугарија во справувањето со шумските пожари што ги зафатија двете земји, соопшти денеска портпаролот на ЕК за хуманитарна помош и справување со кризи Балаш Ујвари. 

- Со активирање на Механизмот за цивилна заштита на ЕУ, во Северна Македонија се распоредени четири хеликоптери и три противпожарни авион од Хрватска, Словенија, Србија и Турција, информира Ујвари. 

Во Бугарија пак, според Ујвари, се испратени два хеликоптера за гаснење пожари од Чешка.

-  Подготвени сме да мобилизираме и дополнителна помош. Како што знаете во пресрет на летото направивме значителни подготовки, ангажирајќи над 500 пожарникари, 29 авиони и четири хеликоптери за гаснење пожари распоредени низ цела Европа, додаде Ујвари. сп/са/

Фото: Скриншот

Остани поврзан