• среда, 18 декември 2024

ЕУ подготвена повторно да ја отвори Амбасадата во Дамаск

ЕУ подготвена повторно да ја отвори Амбасадата во Дамаск

Брисел, 17 декември 2024 (МИА) – ЕУ повторно ќе ја отвори својата мисија во Дамаск по „конструктивните“ разговори со новото раководство на Сирија по соборувањето на Башар ал Асад, изјави во денеска шефицата за надворешна политика на Унијата Каја Калас.

- Ние сме подготвени повторно да ја отвориме нашата делегација, која е европската амбасада, и сакаме таа повторно да биде целосно оперативно. Мислам дека ова е многу важен чекор, што повторно ќе ја отвориме делегацијата во Сирија, рече највисоката дипломка на ЕУ Калас во Европскиот парламент.

„Не можеме да оставиме вакуум во Сирија. ЕУ мора да биде присутна. Веќе почнавме со процес за внимателно ангажирање со новото раководство и граѓанското општество“, напиша Калас на Х. јт/

Остани поврзан