• сабота, 23 ноември 2024

ЕУ не предвидува промени во присуството во Ирак

ЕУ не предвидува промени во присуството во Ирак
Брисел, 6 јануари 2020 (МИА) - Засега ЕУ не предвидува промена во своето присуство во Ирак, изјави портпарол на Европската комисија. Според неговите зборови, ситуацијата во регионот е многу динамична и изјава на претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен се очекува во текот на денот. Портпаролот додаде дека поканата до иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Зариф да го посети Брисел е отворена. Според него, досега нема одговор дали Техеран ја прифаќа поканата од шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел. - Никој не е заинтересиран дополнително да ја влоши ситуацијата. Во интерес на ЕУ е да се одржи нуклеарниот договор со Иран и пред да преземеме некој голем чекор, ќе ја земеме предвид проценката на Меѓународната агенција за атомска енергија, додаде портпаролот. Според него, се уште не е можно да се потврди или негира дека е во план вонреден состанок на Советот за надворешни работи на ЕУ. паг/

Остани поврзан