• среда, 09 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

ЕП има за цел да го заштити европскиот буџет, вели портпаролот на институцијата по повод пресудата за Марин Ле Пен

ЕП има за цел да го заштити европскиот буџет, вели портпаролот на институцијата по повод пресудата за Марин Ле Пен

Брисел, 31 март 2025 (МИА) - Европскиот парламент е информиран за одлуката на судот во Париз, кој донесе пресуда за измама (во случајот против Марин Ле Пен), истакна денеска на прес-конференција портпаролот на институцијата, одговарајќи на новинарско прашање.

Портпаролот истакна дека ЕП е странка во случајот, како и во други слични случаи. „Целта на ЕП е да ги заштити јавните фондови и буџетот на ЕУ според утврдените правила“, додаде портпаролот.

Според него, нема да се даваат дополнителни коментари на оваа тема, а институцијата не планира детално да ја оценува пресудата.

Лидерката на француската крајна десница Марин Ле Пен денеска е осудена на четири години затвор и доби петгодишна забрана за вршење јавна функција, како и парична казна од 100.000 евра. Таа беше прогласена за виновна за проневера на средства од европски фондови и ќе поднесе жалба на пресудата. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан