Ентони го престигна Оскар Робертсон и се искачи на 12. место по број на поени во историјата на НБА
- Кошаркарот на Портланд, Кармело Ентони го надмина легендарниот Оскар Робертсон и го зазеде 12. место во историјата на НБА-лигата според постигнати поени во кариерата.
![Ентони го престигна Оскар Робертсон и се искачи на 12. место по број на поени во историјата на НБА](https://new.mia.mk/index.php/images/20221105201728_big_730x400_89.webp )
Портланд, 10 февруари 2021 (МИА) – Кошаркарот на Портланд, Кармело Ентони го надмина легендарниот Оскар Робертсон и го зазеде 12. место во историјата на НБА-лигата според постигнати поени во кариерата.
Во победата на Портланд над Орландо извојувана ноќеска на домашен терен, 36-годишниот Ентони постигна 23 поени. Ова е неговиот најдобар резултат во тековната сезона.
Ентони стигна до 26.715, додека Оскар во својата кариера успеа да реализира 26710 поени.
Најблиску до Ентони на листата по ефикасност во НБА лигата е Хаким Олајџувон со 26.946 поени кој е рангиран на 11-то место. зс/