• понеделник, 29 јули 2024

Енрике по 2:3 против Ница: ПСЖ ќе игра подобро против Борусија, јас сум оптимист

Енрике по 2:3 против Ница: ПСЖ ќе игра подобро против Борусија, јас сум оптимист

Париз, 16 септември 2023 (МИА) – Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике верува дека ПСЖ ќе одигра подобро против Борусија отколку синоќа против Ница (2:3).

 

На прашањето од француски новинар, дали овој резултат на четири дена пред натпреварот од Лигата на шампионите со Борусија, го загрижува, Енрике одговори:

„Ако зборуваме за трите примени гола, тогаш два беа рикошет од нашите дефанзивци. Но, ова не е оправдување, Ница заслужи да победи. Не ми е грижа. Видов како навивачите не поддржаа кога резултатот беше 1:3. Ќе играме подобро во вторник, оптимист сум“.

 

Натпреварот од 1. коло од групната фаза на Лигата на шампионите ПСЖ – „Борусија“ ќе се одигра на 19 септември. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан