• среда, 25 декември 2024

Саинц ќе вози за Вилијамс од 2025 година

Саинц ќе вози за Вилијамс од 2025 година

Гроув, 29 јули 2024 (МИА) - Шпанскиот пилот Карлос Саинц од следната сезона ќе вози за тимот на Вилијамс во Формула 1, објави веб-страницата на Формула 1. 29-годишниот Шпанец ќе потпише повеќегодишен договор со британскиот тим и од следната сезона ќе биде тимски колега на Александер Албон од Тајланд.

Долго време се шпекулира каде ќе ја продолжи кариерата Шпанецот, кој на крајот на оваа година го напушта Ферари за да му направи место на седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон.

Саинц беше во преговори со Вилијамс, Алпин и Заубер за долгорочен договор од 2025 година.

-Многу сум среќен што можам да објавам дека ќе се приклучам на Вилијамс Рејсинг од 2025 година. Не е тајна дека пазарот на возачи беше исклучително тежок оваа година од различни причини и ми требаше време да ја објавам мојата одлука. Сепак, јас сум убеден дека Вилијамс е вистинското место за да го продолжам моето патување во Формула 1 и многу сум горд што се приклучувам на таков историски и успешен тим каде што се натпреварувале моите херои од детството. Главната цел е да се врати Вилијамс каде што припаѓа - на врвот од поредокот, изјави Саинц.

Потпишувањето на Карлос Саинц значи дека американскиот возач Логан Сарџент ќе биде ослободен на крајот од сезоната. дс

Фото: Архива

 

Остани поврзан