• понеделник, 29 јули 2024

Емери потпиша тригодишен договор со Виљареал

Емери потпиша тригодишен договор со Виљареал
Виљареал, 23 јули 2020 (МИА) – Шпанскиот фудбалски стручњак Унаи Емери од денес и официјално е нов тренер на Виљареал. Според прес-службата на клубот, потпишан е тригодишен договор со Емери. Емери веќе има работено со клубови од Ла Лига. Тој ги водеше Валенсија и Севиља, со кои трипати ја освои Лигата на Европа. Четириесет и осумгодишниот тренер работеше и во Спартак Москва, ПСЖ и Арсенал. Досегашниот тренер на шпанскиот клуб, Хавиер Каљехо го предводеше клубот до 5. место во Ла Лига и обезбеди влез во групната фаза од Лига Европа. зс/

Остани поврзан