• сабота, 23 ноември 2024

ЕК ги одобри реформските агенди од Планот за раст на Западниот Балкан (ДПЛ)

ЕК ги одобри реформските агенди од Планот за раст на Западниот Балкан (ДПЛ)

Брисел, 23 октомври 2024 (МИА) – Европската комисија денеска ги одобри реформските агенди на Северна Македонија, Албанија, Косово, Србија и Црна Гора, поврзани со нејзиниот План за раст на Западниот Балкан, откако претходно земјите членки на ЕУ дадоа позитивно мислење за тие документи, јави дописникот на МИА од Брисел.   

- Во нивните амбициозни реформски агенди, петте влади од Западниот Балкан се обврзуваат на социо-економски и фундаментални реформи што ќе ги преземат за да го поттикнат растот и поврзувањето со ЕУ согласно Планот за раст за периодот од 2024 до 2027 година, соопшти Европската комисија.  

Во соопштението се додава дека одобрувањето на реформските агенди беше клучен чекор за да се овозможат исплати на средства во рамки на Механизмот за реформи и раст на Западниот Балкан, чија вкупна вредност е шест милијарди евра.  

Еврокомисијата посочува и дека исплатата на овие средства во форма на грантови и заеми под поволни услови ќе зависи од спроведувањето на реформите предвидени со реформските агенди на секоја од земјите партнери.

Во врска со ваквата одлука на ЕК, нејзината претседателка Урсула фон дер Лајен истакна дека е импресионирана од посветеноста на земјите од Западниот Балкан на изработката на нивните реформски агенди.  

„Ова е многу позитивен развој на ситуацијата по моите средби со претседателот Александар Вучиќ и премиерот Албин Курти. Ова е добра вест за целиот регион. Дијалогот сега мора да продолжи“, по

- Тоа покажува дека тие се посветени на успехот на Планот за раст. Тоа е нашиот патоказ да ги доближиме економиите на Западниот Балкан до нашата и да им дадеме на нивните компании пристап до нашиот единствен пазар, нагласи Фон дер Лајен, која од денеска се наоѓа на четиридневна турнеја низ земјите од регионот. 

Според Фон дер Лајен, сите ќе имаат корист од усвојувањето на реформските агенди и нивното спроведување ќе претставува „голем скок напред кон Европската унија“ за земјите од Западниот Балкан. 

Реформските агенди се фокусираат на реформи во приоритетните области на владеењето на правото, доброто владеење, дигиталната и зелената транзиција, развојот на човечкиот капитал и деловното опкружување. Дополнително, секоја од земјите од регионот предложија и листа на индикативни инвестиции што треба да се финансираат од Механизмот за реформи и раст, со цел да придонесат за поттикнување на социо-економскиот раст. 

- Комисијата ја процени секоја реформска агенда врз основа на критериумите утврдени со Регулативата за средства за реформи и раст. Комисијата заклучи дека реформските агенди ги исполнуваат целите на Механизмот за реформи и раст, вклучително и за забрзување на намалувањето на социо-економскиот јаз меѓу секоја од овие земји и Унијата и за дополнително зајакнување на основите на процесот на проширување, се додава во соопштението на ЕК. 

Исплатата на средствата од Механизмот за реформи и раст ќе се вршат двапати годишно до 2027 година, врз основа на барањата поднесени од земјите партнерите на ЕУ од Западен Балкан и со одобрување од страна на Комисијата. 

Владата денеска соопшти дека е објавен јавниот повик за поднесување барање за утврдување статус на стратешки инвестициски проект, согласно Законот за стратешки инвестиции.

Предуслови за одобрување на средства од Механизмот се функционирање на демократските инструменти, владеење на правото и почитување на човековите права, почитување на општите услови за макрофинансиска стабилност, стабилно менаџирање со јавните финансии, како и исполнување на квантитативните и квалитативните чекори поврзани со предвидените реформи. 

Дополнително, за Србија и за Косово е ставен и дополнителен услов за „конструктивен ангажман“ во нормализацијата на нивните меѓусебни односи, вклучително и спроведување на сите постигнати договори во рамки на дијалогот Белград-Приштина. Проценката за исполнување на овој услови ќе ја врши Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС). 

До крајниот рок, 1 октомври, своите предлог-реформски агенди ги доставија сите земји од Западниот Балкан, со исклучок на Босна и Херцеговина, каде постапката за внатрешно одобрување на документот заглави во институционалните процедури. 

- Комисијата со нетрпение очекува Босна и Херцеговина официјално да ја достави својата реформска агенда на нејзина проценка и продолжува да ги поттикнува властите да ја финализираат за доброто на сите граѓани, посочува ЕК. 

Сега Европската комисија треба да потпише договори за заеми со земјите од регионот, кои ќе вклучуваат и нивни обврски за преземање соодветни мерки за спречување и откривање на измами, корупција, судир на интереси и неправилности, кои би можеле да имаат последици по финансиските интереси на Унијата. 

Откако вчера не одговори на прашањето, Европската Комисија денеска испрати кус коментар за отворањето на клубот „Ванчо Михајлов“ во Битола, јави дописничката на МИА од Брисел.

Во спречувањето на двојното финансирање, преземањето правни дејствија за враќање на незаконски присвоени средствата, како и во прибирањето на соодветни податоци за примателите на средствата во рамките на Механизмот за реформи и раст, ќе бидат вклучени и Еврокомисијата, Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) и Канцеларијата на европското јавно обвинителство (ЕППО). 

По стапувањето во сила на договори, земјите од регионот може да побараат исплата на средства за предфинансирање во износ од седум отсто од предвидената сума за секоја од нив. 

Комисијата го усвои Планот за раст на Западниот Балкан на 8 ноември минатата година, како амбициозен инструмент чија цел е забрзување на социо-економската поврзаност на регионот со ЕУ и трасирање на патот на секоја од западнобалканските земји кон членство во Унијата. За реализација на Планот и исплата на финансиската поддршка, на 25 мај година беше промовиран и Механизмот за реформи и раст за Западниот Балкан. 

Вкупната вредност на Механизмот е шест милијарди евра, од кои две милијарди евра треба да бидат исплатени во форма на грантови, а четири милијарди евра како заеми под поволни услови. Најмалку половина од овие средства ќе бидат наменети за инвестиции преку Инвестициската рамка за Западен Балкан (ВБИФ), а преостаната сума за забрзување на растот преку спроведување на социо-економските реформи. 

Доколку средствата наменети за некоја од земјите не бидат исплатени поради отстапување од предвидените услови и неспроведување на реформите, тие на крајот ќе може да бидат пренасочени кон другите држави кои ревносно ги почитуваат преземените обврски. сп/

Фото: МИА Архива

 

Остани поврзан